Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Несекојдневен случај и ситуација се случил во една болница во Денвер, кога медицински сестри биле суспендирани бидејќи не можеле да му се начудат и нагледаат на „необично големиот пенис“ од еден починат пациент во болницата.
Пет медицински сестри заработиле суспензија бидејќи не можеле да се начудат на „алатот“ од починатиот пациент. Големината на неговиот полов орган ја забележале додека тој уште бил жив, а кога човекот починал ја отвориле вреќата со неговото тело за да се уверат дека добро виделе што има меѓу нозете.
Меѓутоа, една од колешките болничарки ги слушнала како расправаат за машкоста на починатиот пациент, па ги пријавила на одговорните лица
„Нивното однесување, кое ги крши нашите правила, на време беше пријавено кај властите, вклучително и во полоција и во Одборот на медицински сестри на државата Колорадо. Внатрешната истрага резултираше со дисциплински мерки против сите одговорни во инцидентот, а за сето тоа беше известено и семејството од пациентот“, соопштија од болницата.
Медицинските сестри не се идентификувани, како ни починатиот пациент. Полицијата го истражи целиот случај и во кој немало докази за казнено дело. После суспензијата, четири од медицинските сестри се вратиле на работните места, додека петтата своеволно си дала отказ.