Медицински феномен: Суарез чудесно се враќа на терените


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На почетокот на јануари напаѓачот на Барселона Луис Суарез го оперираше коленото, па беше најавено дека ќе отсуствува од терените цели четири месеци.

Таквата вести ги шокираше навивачите, но и раководството на Барса, но се чини дека сега доаѓаат убави вести.

Имено, шпанските медиуми откриваат дека Суарез се опоравува изненадувачки брзо и ќе се врати на терените многу побрзо од предвиденото.

Уругваецот може да се врати во средината на април и да биде спремен за клучниот дел од сезоната.

Јасно е дека Суарез е од пресудно значење за тимот во борбата за титулата во Примера и Лигата на шампиони.