Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На сите страни на светот кој моментално е под притисок и пандемија на коронавирусот, лекарите и останатиот медицински персонал на секаков начин се трудат да го задржат позитивниот дух, затоа што се во првите редови на одбраната против заразата.
Медицинската сестра Лори Ки од американската држава Мичиген одлучи да ги развесели колегите кои лекувале пациенти со Ковид-19 пеејќи ја песната Amazing Grace. Снимките на 28- годишната сестра за време на смената стана хит на интернет, а собра илјадници лајкови и реакции на социјалните медиуми.
„Добив многу реакции. Се чувствувам благодарна и зачудена“, изјави Лори.
„Ме замолија да запеам за време на нашата утринска причест. Оваа недела беше лудница на нашиот кат. Потребна ни е благодатта и милоста на Господ да нè водат низ ова време. Останете дома. Молете се за болните и здравствените работници кои се изложени на ризик секој ден” , Додаде Лори.
Медицинската сестра открила дека потекнува од музичко семејство, а исто така пеела во црковен хор уште од малечка.