Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити во емисијата Патот кон на телевизија Алсат М изјави дека ВМРО ДПМНЕ прифатиле и повеќе од тоа што првично се барало од страна на албанските партии, освен СЈО.
На прашањето дали ВМРО ДПМНЕ го прифатила официјализирањето на албанскиот јазик, Меџити одговара:
Да, и не беше проблемот во албанскиот јазик, туку дијаметралната разлика меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ беше продолжувањето на мандатот на СЈО и гласањето на законот за заштитени сведоци.
Меџити додава дека мандатот на СЈО била точката за која ВМРОИ ДПМНЕ не сакале ни да слушнат.
ВМРО ДПМНЕ прифати и двојазичност и казни за директорите на институции каде нема да се зборува албански. Сe прифатија, само за СЈО не сакаа да слушнат. Затоа не ни успеа коалицијата со нив. И за ова имаме писмени докази, изјави Меџити.