„Медена земја“ во 2020 ќе биде македонски кандидат за „Оскар“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Одличното филмско остварување „Медена земја“ на режисерскиот тандем Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кој после неговата премиера постигна фантастичен успех во светски рамки, следната година ќе биде македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“.

Според информациите од Друштвото на филмски работници, одлуката ја донела Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата во состав на Игор Иванов, режисер и претседател на ДФРМ, Ангела Несторовска, продуцент, Аксел Мехмед, актер, Сашко Потер Мицевски, филмски монтажер и дизајнер на звук, Игор Ангелов, актер, Дина Дума, режисер и Горан Игњатовски, шминкер, а е прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, „Еј“ во режија на Васил Христов, „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски, „Боите на Преспа“ во режија на Перо Попов и „Џезмен“ во режија на Аљоша Симјановски.