Home Актуелно Мечка со две мали мечиња застрелани во НП „Маврово“ – се трага по сторителот

Мечка со две мали мечиња застрелани во НП „Маврово“ – се трага по сторителот

Убиена мечка со две мали мечиња утрово се пронајдени во Националниот парк Маврово во близина на селото Жировница, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Од ДИЖС велат дека Виш Инспектор за природа од Одделението за инспекциски надзор во природата-Запад направил вонреден инспекциски надзор по информација добиена по мејл и телефон од ЈУ НП Маврово.

„Во утринските часови на денес во близина на селото Жировница, поточно пред влезот во селото, од страна на ренџерската, односно чуварската служба е забележано дека се отстрелани три мечки: женка со две мали мечиња. При вонредниот инспекциски надзор е изготвен Записник за констатација од страна на ДИЖС при што ќе се води понатамошна инспекциска постапка, а присутни се и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и полицијата“, соопшти ДИЖС.

Од Инспекторатот велат дека телата на застреланите мечки се пренесени во посебен ладилник на ЈУ НП Маврово, а при надзорот немало присутни лица од АХВ-Агенцијата за храна и ветеринарство и ДИШЛ-Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

„Од страна на Полицијата се води посебна истражна постапка за пронаоѓање и санкционирање на сторителот“, соопшти ДИЖС.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…