Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипите на ПСЖ и Ливерпул наскоро би можеле да договорот навистина спектакуларен трансфер.
Тимот од Париз веќе подолго време се обидува да го доведе Бразилецот, Фелипе Кутињо, но веќе неколку пати Ливерпул одбиваше да преговара.
Сепак, изгледа дека во овој момент „црвените“ се спремни да се откажат од услугите на 25 годишниот фудбалер. Како што пишува „Л’Eкип“, Ливерпул би го пуштил Кутињо во ПСЖ, додколку Французите испратат понуда од 90 милиони евра, но и доколку на време пронајдат адекватна замена.
Бразилецот претходно се поврзуваше со трансфер во Барселона, но на крајот од преговорите со каталонскиот гигант беа прекинати.
ПСЖ е многу повеќе заинтересиран, а останува да видиме до каде Французите се спремни да одат со понудата.