Мбапе: „Тој е најдобриот на светот, нормално дека ќе му препуштам пенал“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Лео Меси вчера постигна два гола за голем пресврт и победа на ПСЖ против Лајпциг (3:2) во третото коло од Лигата на шампионите.

Важна улога во победата одигра и Килијан Мбапе. Французинот го постигна голот за водство од 1:0, потоа во 67. минута му асистираше на Меси, за седум минути подоцна да се избори за пенал кој Меси го претвори во гол.

Пеналот требаше да го изведе Мбапе, но тој го препушти на Аргентинецот.

„Тоа е нормално и е работа на почит. Тој е Лео Меси, најдобриот во светот, нормално дека ќе му препуштам пенал! Привилегија е што дојде кај нас и веќе го кажав тоа неколку пати“, изјави Мбапе.

Во самиот финиш ПСЖ доби уште еден пенал, а тогаш одговорноста ја презема Мбапе, иако Меси можеше да дојде до хет-трик.

„Меси ми кажа јас да преземам. И тоа го направив затоа што се беше решено. Првиот кој беше важен мораше Лео да го изведе“, истакна францускиот напаѓач.