Мбапе, сепак, останува во ПСЖ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Медиумите најавуваат голем пресврт во сагата околу Килијан Мбапе. Последните информации говорат дека Французинот ја прифатил понудата и ќе остане во ПСЖ.

„Паризиен“ објави дека Мбапе ќе го извести Реал и ќе потпише нов договор со Пари Сент Жермен, а одлуката во јавност ќе ја соопшти во недела.

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио исто така од свои извори потврди дека Мбапе сега е многу поблиску до останување во Париз и во Мадрид се веќе песимисти.

ПСЖ во изминатите денови испратил неверојатната финансиска понуда која годишно на Мбапе ќе му донесе цели 84 милиони евра нето приход годишно.

Притоа, „светците“ му нудат и 120 милиони евра бонус при потпис на договорот и централна фигура со голема моќ на одлучување во клубот.

Поради тоа јасно е дека ова е понуда која може да убеди секого, но и да го промени текот на фудбалската индустрија.