Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот Marca оваа недела објави дека Реал Мадрид и Монако постигнаа договор околу трансферот на Килијан Мбапе во кралскиот клуб.
Наведоа дека шпанскиот првак на францускиот вкупно ќе му исплати 161 милион фунти, што е најголемо обештетување за некој фудбалер во историјата на фудбалот.
Младиот напаѓач беше фатен на радарот од многу клубови, но Зинедин Зидан го убеди да оди на Сантјаго Бернабеу. Во тоа му помогна фактот дека токму тој му бил идол на младиот француски фудбалски гениј.
Откако Реал се согласи да ја плати астрономската сума, се поставува прашањето дали е паметно да се потрошат толку пари за само еден играч.
Поради тоа, британски The Sun одлучи да направи тим од играчи кои овој летен трансфер период ги сменија своите стари клубови со нови, а чии трансфери вкупно чинат 180 милиони евра (161 милион фунти – колку што кошта Мбапе сам) и притоа успеа да направи сосема респектабилен тим кој би бил конкурентен како во Премиер лигата, така и во Примера.
Еве го пописот.
Џордан Пикфорд – за 30 милиони фунти отиде во Евертон
Дани Алвеш – бесплатно замина во ПСЖ
Пепе – бесплатно отиде во Бешикташ
Виктор Линделоф – за 31 милион фунти отиде во Манчестер Јунајтед
Александар Коларов – за 5 милиони фунти во Рома
Лукас Леива – за 5 милиони фунти во Лацио
Вејн Руни – бесплатно во Евертон
Тиемуе Бакајоко – за 40 милиони фунти во Челзи
Мохамед Салах – за 34 милиони фунти стигна во Ливерпул
Хавиер Ернандез – за 16 милиони фунти во Вест Хем
Џермејн Дефон – бесплатно во Борнмут