Мажите и нивните изговори: Зошто ја изневерив својата сопруга додека беше БРЕМЕНА?!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Не постои причина која може да биде оправдување за неверството за време на бременоста. Сепак, неверство неретко се случува, а припадниците на посилниот пол често ја префрлаат вината на сопствената сопруга.

Има ли нешто пострашно од неверство во врската? Да. Кога мажот ќе ја изневери жената додека таа го носи плодот на нивната љубов во стомакот.

Овојпат вниманието е фокусирано на обичните луѓе од окружувањето. И тоа од перспектива на некој кој изневерува. Неколку мажи отворено проговорија за неверството кое го направиле, додека нивните сопруги биле бремени.

Како тие се обиделе да ја оправдаат и објаснат оваа постапка?

Ова се изговорите на мажите кога во прашање е неверството:

„Во текот на цела бременост, сопругата беше лошо расположена. Многу расправии имавме. Веќе не можев да издржам. Излегов по работното време на едно кафе. Започнав разговор со една девојка. Подоцна заминавме кај неа и спиевме заедно. Жал ми е, бидејќи мојата сопруга беше бремена со нашата ќерка. Никогаш ова не и го кажав“.

„Кога мојата сопруга беше во осмиот месец од бременоста, запознав една прекрасна жена на работа. Се заљубив до уши. Започнавме тајна врска, а сопругата не се посомнева. Кога на свет дојде нашиот мал син, душата ми дојде на место. Воопшто не се трудев да ја кријам аферата. Набрзо мојата жена ги откри пораките од љубовницара во мојот телефон. Тоа ја скрши. А јас конечно станав слободен човек“.

„Мене сопругата ми е воедно и најдобра пријателка. Врската ни е супер, но сексот не. Кога остана бремена, речиси и да не водевме љубов. Во тоа време дојде нова колешка во компанијата кадешто работам. Една вечер завршивме во креветот. Тоа ми беше најдобриот секс во животот. Уште сум во тајна врска со неа, но го сакам и своето семејство. Не знам што ќе правам“.

Некои не можат да ги поднесат расправиите со намуртената бремена сопруга, па утеха бараат во друга прегратка. Други некои пак, запознаваат жена која ги разоружува со убавината и немаат моќ да се одбранат. Трети пак, тешко ја поднесуваат апстиненцијата за време на бременоста, па завршуваат во кревет со љубовници.