Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спонтан, непланиран секс е една од најдобрите работи во светот, но постојат многу причини зошто е добро однапред да знаете однапред дека ќе бидете интимни.
Жените обично ги прават следниве работи, кога знаат што им се спрема, па лесно ќе препознаете кога се подготвени за секс.
Туширање и депилација:
Жените сакаат да бидат чисти и убаво да мирисаат за време на сексот, и не ги сакаат неподребните влакненца на телото, посебно на бикини зоната и на нозете.
Лакирање на нокти:
Мажите ретко кога го забележуваат лакот на ноктите, но жените тоа ги тера да се чувствуваат по женствено, па ќе најдат време да си ги налакираат ноктите, а посебно на нозете.
Долна облека:
Кога жената е спремна за секс обично облекува секси долна облека, која не ја носи секојдневно.Кога постои можност за секс жената не сака мажот да ја види во обични памучни гаќи кои ги носи секој ден.
Чаша вино…или две
Жените со задоволство ќе испијат некоја чаша повеќе пред секс.Тоа им помага да се опуштат ако имаат трема.
Облека:
Жената сака во секој момент да се чувствува секси, но ако сака да го привлече мажот во кревет, тогаш со сигурност ќе облече нешто што ќе ја истакне нејзината фигура и ќе го привлече вниманието на мажот .
Затоа мажи внимавајете какви знаци ви испраќа вашата партнерка и кога е спремна за секс.