МАЖИ, ако имавте дилема: Ова се најдобрите жени во креветот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многу истражувања покажаа дека жените со годините стекнуваат сексуална самодоверба, па дамите кои се влезени во четвртата деценија се сметаат за најдобри љубовнички.

Освен тоа постојат уште некои карактеристики кои ја одредуваат фаталната жена, полна со емоции и страсти.

Таа го прифаќа своето тело

Додека младите девојки во раните 20ти години секојдневно себеси се гледаат во огледало, бараат некој недостаток и во суштина се незадоволно со она што го гледаат, дамите во триесеттите достигнуваат зрелост која влијае и на акцијата во креветот. Таа е остварена, свесна е за своите квалитети и го прифаќа своето тело – па дури и јасно видливите недостатоци. Токму поради тоа, поопуштени се во креветот и јасно до знаење на партнерот му ставаат што сакаат, а што не.

Имаат голема сексуална сила

Просечната жена до своите триесетти години веројатно променува неколку сексуални партнери. Со самото тоа, освен основните пози, таа е совладана од љубовните вештини кои и одговараат, а тоа задоволство и тоа како ќе го почувствува нејзиниот партнер.

Комуникација

Како стануваат свесни за своето тело, жените со години стекнуваат сопствени погледи за сексуалните односи. Со самото тоа, веќе не го доживуваат сексот како табу тема, па се подготвени со својот партнер да разговараат за теми од спалната соба. Ова е многу важно, бидејќи некогаш низ искрена и конструктивна комуникација може да се унапреди сексуалниот однос помеѓу паровите.

Уживање

Жената во триесеттите години нема желба за докажување во креветот, туку најважно и е уживањето. Таа отворено ќе покаже што и одговара, па на партнерот ќе му стави до знаење што точно треба да прави. Очекувано, таа незаборавната ноќ ќе му ја приушти на својот избраник, доволно е само да ја кажете својата желба.

Привлечност

Додека девојките во суштина се трудат да го заведат мажот со физичкиот изглед, нешто постарите дами во прв план го истакнуваат својот интелект, но и професионалните лични успеси во животот. Тие се свесни за своите квалитети, храбри се и со тоа го шармираат посилниот пол.