Маж од Росоман чувал бомба во домот, сопругата го пријавила в полиција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


51-годишниот З.М. од кавадаречкото село Росоман бил пријавен во ПС Кавадарци до страна на својата 65-годишна сопруга Р.М. бидејќи во нивниот дом чувал рачна бомба.

Во ПС Кавадарци вчера се јавила Р.М. која изјавила дека во семејната куќа во селото Росоман нејзиниот сопруг З.М. околу пет години чувал бомба.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и во една од собите во куќата била пронајдена експлозивната направа.

Бомбата била одземена и предадена за понатамошна постапка на службите од Дирекцијата за заштита и спасување. Се работи на расчистување на случајот.