Маврово повторно се тресе: Серија земјотреси регистирани рано утрово во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рано утрово во мавровскиот регион се регистрирани се регистрирани серија потреси. Најсилниот досега беше регистриран во 1.36 часот со магнитуда од 3,2 степени, по што следуваа уште два земјотреса во 2.29 и 2.49 часот со магнитуди од 2,8 и 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала.

Сите земјотреси беа со епицентар во Маврово на 1 или 2 километри длабочина.

Лани на 11 ноември беше регистриран досега најсилниот земјотрес во овој регион од 4,9 степени. На 22 декември 2020 беше почувствуван уште еден земјотрес, со јачина од 3,3 степени и епицентар кај мавровското село Леуново.

И на 5 јануари во 5,07 часот во Маврово повторно беше регистриран земјотрес, овојпат од 2,6 степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот бил на длабочина од 2 километри, 20 километри југозападно од Гостивар.