Матурантите играа квадрил на плоштадот „Македонија“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На плоштадот „Македонија“ денеска (18.05.2018 година,петок) по дванаесетти пат се одржа „Матурската парада “, а матурантите од Скопје точно напладне, заедно со своите врсници од повеќе градови од земјава и од Европа, го одиграа танцот „квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лилјакот“. „Матурската парада“ ја отвори градоначалникот Шилегов.

– Матуранти, со завршувањето на средното образование вие затворате едно поглавје во вашите животи, но пред вас се отвораат и многу можности. Ако човек успее младешкиот жар и ентузијазам да ги задржи во текот на целиот живот неминовно ќе постигне успех. Затоа, задржете ги ентузијазмот и енергијата кои сега ги имате и бидете посветени на се што работите во животот за да може да успеете – истакна Шилегов.

0.91.142M

Тој им даде ветување на матурантите дека ќе работи Скопје да го направи современ град, пофункционален и безбеден, каде што тие ќе бидете почитувани и вреднувани, и ќе ја гледаат и градат успешно својата иднина.


На годинешната „Матурска парада” во Скопје учествуваа над 1.000 ученици од 22 средни училишта во Скопје, како и матуранти од 15 средни училишта од Охрид, Струга, Струмица, Гевгелија и од Куманово.


Пред започнувањето на танцот „квадрил“, матурантите положија заклетва за ненасилство и толеранција.

Организатори на годинешнава Матурска парада се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со танцовиот клуб „Ритам плус“, а покровител на манифестацијата е Градот Скопје. Поддржувач на оваа традиционална манифестација е Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.