Матурант со Даунов синдром скокаше од среќа за дипломата – му се придружија и професорите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Карлос Нериа, момче со Даунов синдром, матурираше во средното школо „Ли“ во Тексас, а среќата со која ја прими средношколската диплома едноставно не може да се опише со зборови.

Карлос по својата диплома на свеченото доделување на бината пристигна скокајќи и танцувајќи, со насмевка од уво до уво, а неговата позитивна енергија и радост беа толку „заразни“ што ни професорите не можеа да одолеат да не се раскокаат и да танцуваат со возбуденото 19-годишно момче.

„Една од најубавите работи на доделувањето на матурските дипломи е славењето за личното достигнување на нашите ученици. Ова видео го споделуваме поради нашиот посебен матурант Карлос Нериа, на кој сме исклучително горди“, напишаа вработените во школото на снимката која ја споделија на својата страница.

Инаку, Карлос е најмлад од осумте деца во семејството, а неговата мајка Тереза вели дека „момчето е вистински благослов во нивните животи“.

„Не научи на споделување, на љубов и среќа. Ништо не може да го растажи него. Гледа нагоре и покажува со прст кон Бога. Полн е со вера и љубов“, вели гордата мајка.