„Матрјошка“ – 800 милиони години стар дијамант каков што светот нема видено досега


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Уникатниот дијамант со скапоцен камен во него, наречен „Матрјошка“, кој беше пронајден во Сибир, се верува дека е стар 800 милиони години и дека е непроценлив и единствен во светот.

Гоголемиот дијамант е со димензии 4,8 x 4,9 x 2,8 милиметри. Во него е сместен помал дијамант со димензии 1,9 x 2,1 x 0,6 милиметри.

Олег Ковалчук, од руската компанија „Алроса“, која го пронашла дијамантот во Јакутија, рекол дека ова е уникатна креација на природата и дека ваков дијамант досега не е пронајден.

„Алроса“ планира да го испрати дијамантот во Геолошкиот институт во Америка на понатамошни истражувања.