Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и ковид-центрите во интернистичкиот блок изготвиле мислење за употребата на лекот „ивермектин“ кај пациенти заразени со коронавирус.
Преку Лекарската комора, во текот на вчерашниот ден, протоколот бил испратен до матичните лекари, информираа од Министерството за здравство.
До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат протоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори за употребата на лекот.
„Ивермектинот“ не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно решението на МАЛМЕД, лекот се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање розов рецепт.
Министерството за здравство потенцира дека „ивермектинот“ е антипаразитски лек со широк спектар на дејствување. Неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор, без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација.