Home Актуелно Матичните лекари денеска протестираат – примаат само итни случаи

Матичните лекари денеска протестираат – примаат само итни случаи

Македонските приватни матични лекари од примарното здравство, приватните специјалисти и стоматолози кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување, денеска го почнаа најавениот протест.

-Докторите ги отворија своите ординации и во текот на денот нема да примаат пациенти, освен итни случаи. Нема да даваат услуги што се нудат преку „Мој термин“, а пациентите кои не сакаат да почекаат за упати и препишување терапии и закажување тестирања, ги упатуваат во ургентните центри, изјави за МИА претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Според неа, досега имаат поддршка од пациентите, од сите возрасни групи. На сите, нагалси, ни е неопходно функционално здравство. Досега немале итни случаи, но доколку се јават, како што вели, ќе бидат примени.

Чолакова – Дервишова попладне во 14 часот ќе има средба со заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски, на која ќе ги презентираат причините и барањата за протестот. Средбата ја потврди и Рендевски.

Матичните лекари бараат да се подигне цената на капитацискиот бод по пациент, за која беа ветени 95 денари, како и да се измени Законот за здравствена заштита со кои сите пациенти наместо да бидат „врзани“ за факсимилот на лекарот, ќе и припаѓаат на матичната ординација. Незадоволни се, како што велат и од недостигот на поддршка во примарното здравство во текот на целата пандемија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…