Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Горан Пандев со настапот на Македонија на Европското првенство ја заврши и својата репрезентативна кариера.
Посебно обраќање на оваа тема имаше ФК Беласица, клубот каде што Пандев ја започна кариерата.
„Од детето на ФК Беласица – до најдобриот македонски фудбалер во историјата!Вчера, Гранде Горан за последен пат играше во светиот македонски репрезентативен дрес. По две децении, Пандев од репрезентацијата се опрости како рекордер во број на настапи (122), рекордер во број на постигнати голови (38) и како апсолутна легенда, голем капитен и најдобар македонски фудбалер во историјата. Стоечки овации на стадионот „Јохан Кројф“ и поклон до земја од сите македонци и цел свет. Сосема заслужено.Гоче, ФК Беласица, твојот матичен клуб е гордост твоја, па така догодина, големиот јубилеј од 100 години постоење на клубот да го прославиме заедно, со великанот на македонскиот фудбал! Честитки за големата и успешна кариера во репрезентативниот дрес!“