Мате Римац покажа како се произведува и монтира Rimac Concept Two


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На официјалниот YouTube канал од Rimac Automobili беше објавена втората епизода од серијалот Discover Rimac Today: Factory Tour with Mate Rimac, во која се презентира како се произведува и монтира дел по дел електричниот суперавтомобил C_Two.

Мате Римац во серијалот ги води гледачите низ својот погон во Света Недела, а во втората епизода од истиот фокусот е ставен врз производството и монтирањето на електричниот автомобил C_Two.

На снимката Римац кажува како не може да открие баш сè, бидејќи некои нешта се доверливи, но објасни дека само системот од батерии се состои од три илјади различни делови. Освен тоа, на видеото, покрај другите процеси, може да се види и лакирањето и полирањето на автомобилот и вградувањето на батериите.

Римац најави дека C_Two ќе биде пуштен во сериско производство на нова локација, а откри и дека токму сега работи на производството на последните три примероци од суперавтомобилот Concept_One.

На YouTube Римац добива комплименти од сите страни на планетата. „Доста инспиративно за идните генерации. Мате, направи одлична работа со својот тим“, „Мате, ме инспирираш да работам на сопствена технолошка компанија“ се само некои од бројните позитивни коментари, а голем број пофалби Римац добива и поради тоа што е СЕО кој знае буквално сè за секое делче од неговиот автомобил.