Мата: Македонија е силен противник, ќе биде тежок меч!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанија и Македонија во сабота ќе го одиграат натпреварот од четвртото коло во Г групата, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата пред натпреварот истакна дека „црвената фурија“ не треба да се опушти и дека Македонија е квалитетен противник.

„Македонија е конкурентен противник, која на Италија ѝ создаде многу проблеми. Се бранат добро, со голем број играчи и чекаат грешка на противникот. Добро играат со топка и се ефикасни. Ќе биде тежок меч“, истакна Мата и додаде:

„ Тие во нападот го имаат Горан Пандев. Свесни сме дека можат да направат проблеми и мораме да бидеме внимателни“.

По три одиграни натпревари во групата Шпанија е лидер со седум бодови, колку што има и Италија, додека Македонија сé уште е без освоен бод.