Мастурбирањето и личните ставови: Еве што мислат славните убавици за тоа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Голем број истражувања досега потврдиле дека маструбирањето физиолошки и психолошки не само што е нешто сосема нормално и здраво, туку може да го направи вашиот сексуален живот подобар.

Сепак, од разни причини некои жени се уште сметаат дека самозадоволувањето не е правилно и не се чувствуваат удобно додека го прават тоа.

За да помогнат да се отвори дијалог околу оваа тема и жените да бидат поопуштени кога станува збор за мастурбацијата дел од познатите личности решија јавно да проговорат за неа.

Тејлор Момсен

Актерката која е позната по хит-серијата „Gossip girl“ смета дека маструбацијата не смее да биде табу тема.
-Момчињата го прават тоа, но девојките не. Па затоа девојките имаат толку лоши искуства. Треба да го запознаете своето тело најпрво, за да знаете што е добро. Не треба да се предадете некому само за да имате сексуални односи. Сексот не е нешто од кое луѓето треба да се плашат, тоа е човекова природа. Затоа мислам дека тоа треба да е нешто толку срамно, вели таа.

Ема Вотсон

Актерката во разговор со феминистката Глорија Стајнем откри дека е голем обожавател на веб-страната OMGYES.COM.

Всушност таа се базира на истражување кои помагаат во комплетирање на студија за женската сексуалност.

-Тоа е прилично кул веб страница. Посакувам да постоеше од порано. Претплатата е скапа, но вреди, кажа Вотсон.

Хејли Стајнфелд

Хејли со стиховите како „Ќе се сакам себеси, не, не ми треба некој друг“ од нејзината песна „Love Myself“ стави до знаење дека тоа било поддршка за самозадоволувањето, која освен со стиховите ја поздрави и со маичката на која пишува „самопослужување“.