Home Актуелно Мастеркард ги укина плаќањата со руски картички во регионов

Мастеркард ги укина плаќањата со руски картички во регионов

Директорката на Mastercard за пазарите во соседна Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, Јелена Ристиќ, денеска потврди дека компанијата ги прекинала плаќањата со руски картички.

Таа изјави дека компанијата се придржува до сегашната листа на санкции на OFAC (Канцеларија за контрола на странски фондови).

„Ги следиме настаните и во Украина и во Русија и должни сме да се усогласиме со важечките прописи и одлуки на меѓународните организации“, рече Ристиќ.

Таа изјави дека поради тоа MasterCard ги прекина сите плаќања кои одат на руски картички во земјата или во странство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…