Масовно доење во Манила: 2000 мајки во ритам на музиката доеја бебиња во трговски центар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На Филипините околу две илјади мајки доеле бебиња на јавно место со цел подигање на свеста кај жената за важноста на доењето во првите месеци од животот на бебето како превенција од болести кои често се фатални.

Жените во ритамот на локалните песни и во весела атмосфера ги доеле бебињата во Манила.

Организаторите на годишниот собир наведоа дека ги охрабруваат младите Филипинки бебињата во првите шест месеци ги хранат само со мајчино млеко за намалување на смртноста на децата во земјата.

Филипинките обично ги дојат бебињата во првите 24 дена и потоа ги користат популарните производи на пазарите.

Светската здравствена организација (СЗО) наведе дека само 34 отсто од бебињата на Филипините се дојат и дека е голема стапката на смртност кај децата под пет години.