Масовно апсење на Касамоника мафијата – уапсен и озлогласениот Џузепе Касамоника


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во масовна акција за апсење, италијанската полиција уапси 31 член на Касамоника мафијата во Рим и Јужна Италија.

Во акцијата на апсењето на еден од најозлогласените мафијаши во Италија, Џузепе Касамоника учествувале повеќе од 250 полицајци. Покрај него, како што пренесе „The Sun“, уапсени се голем број членови на неговото семејство.

Мафијашите кои се уапсени ширум Рим и јужна Италија, се гонат за трговија со дрога и изнудување пари.

Во куќата на Џузепе  биле пронајдени се 50 000 евра во готовина, луксузни часовници и автомобили, пренесоа италијанските медиуми.

Во текот на оваа акција е уапсен и познатиот боксер Доменико Спада.