Масовна тепачка на турска свадба: Сватовите си ги извадоа очите за музиката


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хаос, безредие, насилство и тепање со столови наместо свадбена веселба и расположение беше атмосферата на една турска свадба во градот Адана која, замислете иронија, се случила после кавга околу изборот на музика.

Летале столчиња од едниот кон другиот табор на завојуваните гости, а расколот настанал бидејќи двете семејства доаѓаат од различни делови на земјата со различна народна музика.

Ди-џејот се обидел да направи компромис со наизменично пуштање на двата типа на народна музика, но тоа само дополнително ги разгоре страстите кај гостите кои почнаа да се обвинуваат дека играат само на „својата“ музика.

Неименуваниот млад брачен пар елегантно си заминале и го оставиле хаосот зад себе.

На крајот никој не е бил уапсен бидејќи никој не сакал пред полицијата некого да обвини. Немало посериозни повреди.