Масовна излезност на Изборите!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонските граѓани денеска масовно излегоа да го дадат својот глас. На деветите парламентарни избори, а четврти вонредни по ред, ДИК забележа поголема излезност од минатите изборни циклуси.

Според податоците, излезноста до 13ч е за 4 проценти повисока од минатите избори. До полноќ ќе ја знаеме волјата на народот, како и која партија во наредните 4 години ќе ги претставува граѓаните.

Инаку, во текот на денот кој може да се оцени како релативно мирен, беа забележани и нерегуларности. Доаѓаат обвинувања за поткуп на гласачи, за агитирање во близина на избирачки места, за фотографирање на гласачки ливчиња.

Слични неправилности се забележани и во другите градови низ Републиката. Набљудувачките мисии забележаа и прекршувања и од самите членови на избирачки одбори. Еден од членовите на одборот јавно кажал за кого ќе гласа, додека пак на едно од избирачките места, цел избирачки одбор толерирал фотографирање на гласачките ливчиња.