Масло за готвење: Разрешете ја дилемата – еве кое е најздраво

масло

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кога станува збор за маслата за готвење кои ги користиме во (колку што можеме) поздравата исхрана, неколку вида кои секако мора да се издвојат. Но, треба да се потенцира дека дури и најздравото масло може да се „расипе“ на несоодветна температура при термичка обработка.

Така, на пример, маслиновото масло не смее да се користи на високи температури, бидејќи брзо почнува да гори и тогаш испушта премногу слободни радикали, поради што стнаува штетно за нашето здравје.

Но, тоа не значи дека треба да го отстраните од кујната, бидејќи одамна е јасно како ден дека маслиновото масло важи за едно од најздравите масла, но само ако се користи за подготовка на ладни јадења и салати.

Дали воопшто имаме потреба од масло?

Ако размислувате за целосно исфрлање на маслото од исхраната или намалување на неговата употреба на минимум, за да му направите услуга на вашето здравје, не се лажете. Тие масти кои ги содржи маслото и тоа како ни се потребни.

Но, кога ќе размислувате за избор на најдоброто и најздраво масло, секогаш посегнувате по она со што повеќе полинезаситени и мононезаситени масти, како и Омега-3 масни киселини, а што помалку трансмасти.

Во тој случај сигурно нема да погрешите со изборот на маслиново масло, особено ако спремате јадење кое не бара обработка на високи температури.

Вообичаени масла кои не се за печење и пржење

Покрај веќе споменатото маслиново масло, постојат и други видови кои на високи температури испуштаат премногу штетни состојки и слободни радикали, па и нив подеднакво треба да ги избегнувате при печење и пржење.

Во оваа група дефинитивно спаѓаат сончогледовото и тиквиното масло кои, покрај слободните радикали, на високи температури испуштаат и премногу алдехид.

Неодамна е откриено дека, кога е во прашање сончогледовото масло, количеството на алдехид кое го испушта при печење или пржење е поголемо и од она кога храната би ја печеле или пржеле со маст или путер.

Значи, кога говориме за најлошо масло за печење и пржење, тука секако се издвојува сончогледовото, па за подготовка на храна при висока термичка обработка, од оние „помалку здравите“ би можеле да го одберете маслото од маслодајна репка.

При загревање, тоа не ги губи добрите, ниту пак испушта лоши состојки, па според овие квалитети може да се мери со уште поздравите варијанти на масло од него.

Најздрави масла за печење и пржење

Иако за неговите здравствени својства уште се води полемика, несомнено е дека кокосовото масло е многу здраво, а бидејќи добро поднесува и се однесува на високи температури, ниту при пржење или печење нема да го промени или загуби својот здрав состав.

Покрај кокосовото, тука се издвојува и палминото масло, кое исто така многу добро поднесува силна термичка обработка, а ја има потребната количина на здрави масти.

Но ако некогаш имате можност да набавите насло од авокадо, тоа дефинитивно би бил најдобриот избор за вас. Освен што е богато со здрави масти, маслото од авокадо во себе има и многу фитонутриенти, поради кои тешко оксидира и затоа е одлично за готвење на било која температура.