Маскерано заминува: Познато каде и за колку пари!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хавиер Маскерано е со една нога надвор од Барселона и по се изгледа неговата наредна дестинација е Кина, пренесуваат шпанските медиуми.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пренесува дека постои конкретна можност 33-годишниот Аргентинец да се пресели во Кина уште во јанари бидејќи има одлична понуда од Хабеи.

Клубот на чија клупа седи Мануел Пелегрини му понудил на Маскерано договор според кој ќе заработува 7 милиони евра годишно, што е за 1 милион повеќе од она што го добива во Барселона.

Доколку Маскерано ја прифати понудата, Барселона веднаш ќе го пушти, бидејќи ќе добие 10 милиони евра како обештетување, притоа ќе заштеди на неговата плата.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Маскерано е спремен да се пресели во Азија, но постои мала шанса да се предомисли после повредата на Самуел Умтити бидејќи така за него се отвори место во првиот тим.