Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милијардерот и нов сопственик на социјалната платформа Твитер, Илон Маск, објавува докази за цензура која се случувала на Твитер и за бришење на сите сметки, па дури и на текст на Њујорк пост за докази од лаптопот на Хантер Бајден за тргување со влијанието на семејството.
Мешањето во американските избори не е „резервирано“ само за руските власти, како што тврди Стејт департментот, туку има докази дека и самата Демократска партија сериозно се занимавала со тоа кога не ѝ се допаѓале приказните што ја загрозувале. Она што корисниците на Твитер со години го забележуваат сега добива конкретни докази.
Илон Маск, за кого сѐ уште не се знае дали се оттргнал од „длабоката држава“ или всушност сѐ уште работи за неа, во петокот почна да ја објавува преписката на тогашните раководители на Твитер со Демократскиот национален центар (ДНЦ), кој охрабруваше или, поточно, бараше политички мотивирана цензура. Маск сега почна да пренесува низа внатрешни документи објавени од новинарот Мет Таиби, кои покажуваат системско кршење на американскиот прв амандман.
Меѓу другото, политичките функционери од ДНЦ побарале цензура на Твитер пред изборите во 2020 година. Внатрешната кореспонденција покажува дека официјален претставник на Твитер на 24 октомври 2020 година напишал дека добил „дополнителен извештај од ДНЦ“ за тоа што треба да се повлече од страницата. Следното утро, за да го докаже тоа, тој функционер на Твитер потврдил дека објавата е избришана: „Веднаш ја уловив“.
Највлијателните медиуми во САД не се занимаваат со оваа тема, но ѕвездата на Фокс њуз Такер Карлсон крена голема тревога. Излегува дека Твитер во тоа време ги следел упатствата од членовите на предизборниот тим на Џозеф Бајден. Еден од документите докажува дека претставниците на тимот на Бајден побарале од Твитер да ги отстрани сите објави што може негативно да влијаат на неговата кампања. Суштината на цензурата била насочена кон мејловите од лаптопот на Хантер Бајден, кој синот на американскиот претседател го однел на поправка и заборавил да го земе. Цензурата на Твитер отишла дотаму што бил отстранет и написот на Њујорк пост за тоа, бидејќи, сигурно, ќе влијаело на исходот од изборите. Така, врз основа на информациите од лаптопот на Хантер Бајден, Пост во својот текст директно ги поврзал Џозеф Бајден и семејството Бајден со трговија на влијание во Кина и Украина. Тој пишувал за тоа дека овој тип „бизнис“ се развивал со години и му донел милиони долари на семејството Бајден, а 10 отсто од тие пари, како што се наведува, биле резервирани за „големото момче“ – Џозеф Бајден.
Твитер отишол толку далеку во цензурирањето на содржината што ги спречил корисниците приватно да го споделуваат текстот на Њујорк пост. Официјалното објаснување на компанијата беше дека приказната на Њујорк пост ја прекршила нејзината политика за вести од хакирано потекло, но според Мет Таиби, сите на Твитер знаеле дека тоа е само изговор – дека лаптопот не бил хакиран и дека не е од „руско потекло“. Таиби тврди дека „иако неколку извори тврдеа дека добиле предупредување од федералните безбедносни сили за можно странско хакирање – за тоа нема докази“.
„Хакирањето беше изговор и за неколку часа речиси сите сфатија дека тоа објаснување нема да се одржи. Но никој немаше храброст да ја промени одлуката“, рече еден од поранешните вработени. Таиби наведе дека одлуката за цензура е донесена на највисоко ниво на компанијата, но без знаење на извршниот директор Џек Дорси, и дека клучна улога имала поранешната директорка на правниот оддел Виџаја Гаде.
И тогаш на Твитер имало луѓе што поставувале прашања и изразиле загриженост поради оваа практика. Еден од нив, Трентон Кенеди, задолжен за коментари, предупредил дека ќе се соочат со тешки прашања доколку немаат добро објаснување зошто го означиле линкот до Њујорк пост како небезбеден. Потпретседателот на Твитер, Џим Бејкер, на мејловите во кои се изразува загриженост одговорил дека се согласува дека не е јасно дали материјалот е хакиран или лаптопот е оставен на поправка со дозвола на сопственикот да може да му се пристапи, но дека е потребна претпазливост.
За апсурдот да биде уште поголем, Твитер веднаш го блокирал и пристапот до сметката на портпаролката на Белата куќа Кејли Мекенани поради споделувањето на текстот на Њујорк пост, на што републиканците жестоко реагирале. Но еден од ретките што се спротивставиле на политиката во тоа време бил демократот од Калифорнија Ро Кана, кој рекол дека е вознемирен од одлуката на Твитер да ја цензурира приказната за лаптопот на Хантер Бајден.
Јасен и конечен заклучок од таа кореспонденција даде поранешниот шеф на Твитер за доверба и безбедност Џоел Рот, објаснувајќи дека Твитер морал да ја цензурира приказната за Доналд Трамп да не биде реизбран за претседател.