Home Актуелно Маск се повлекува од директорската позиција во Twitter – ангажираше нова директорка

Маск се повлекува од директорската позиција во Twitter – ангажираше нова директорка

Технолошкиот милијардер Илон Маск во четвртокот соопшти дека нашол замена за нов извршен директор на „Twitter“.

„Возбуден сум што можам да објавам дека вработив нова извршна директорка за X/Тwitter. Таа ќе започне за 6 недели!“ твитна Маск.

„Мојата улога ќе премине на местото извршен претседател и технички директор, надгледување на производи, софтвер и системи,“ додаде тој во твитот.

Милијардерот роден во Јужна Африка наведе дека неговата замена на чело на гигантот на социјални мрежи ќе ја започне работата за околу шест недели.

Маск стана сопственик и главен извршен директор на Twitter кон крајот на октомври. Тој во декември најави во твит дека ќе се повлече од функцијата извршен директор „штом најдам некој доволно глупав да ја преземе работата“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…