Маск прави ребаланс: Бран од отпуштања во Tesla Motors.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Извршниот директор на компанијата Tesla, Илон Маск најави бран од отпушања на вработени во компанијата кои ќе опфатат девет насто од работничкиот капацитет.

Маск потенцираше дека потегот да се намали бројот на работниците е направен по обидов да се намалат трошоците и постигнување на одржлива профитабилност.

Акциите на Tesla пораснаа за 3,2 отсто по веста за оптпуштањата, а цените на безите моментно се на 342,77 долари.

„Донесовме ваква одлука со проценка на спефицични вештини и способност на секој поединец во компанијата“, напиша Маск во мејлот кој го добиле сите вработени во Тесла.

На основа на податоците од компанијата, околу 3.300 луѓе најверојатно ќе бидат отпуштени.

Инвеститорите прискаат компанијата да го забрза производството на Model 3. Маск напомена дека намалувањето на бројот на вработени нема да влијае на обидот за производство на автомобилот Model 3.