Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Извршниот директор на „Тесла”, Илон Маск, продал акции во вредност од околу 5 милијарди долари од компанијата во која е CEO и доминантен сопственик.
На овој потег се одлучил неколку дена откако преку својот профил на Твитер ги прашал своите 63 милиони следбениците дали треба да продаде 10 проценти од својот удел во “Тесла”, пренесува “BBC”.
Акциите на компанијата паднале за околу 16 проценти во два дена откако анкетата излегла на Твитер.
Падот на акциите доаѓа по неколкуте бурни денови на произведувачот на автомобили. Почнало кога Маск ги прашал своите фановит на Твитер дали треба да продаде 10 проценти од својот удел во компанијата, по што уследила веста дека неговиот брат Кимбал ги продал акциите непосредно пред гласањето.
Тесла е највредниот произведувач на автомобили на светот, со берзанска вредност од повеќе од милијарда долари.
Фондот на Маск продал речиси 3,6 милиони акции на Тесла, вредни околу 4 милијарди долари, како и 934.000 акции за 1,1 милијарда откако ја искористил можноста за купување на речиси 2,2 милиони акции.
Сепак, да не се лажеме дека Маск така, „од ракав“ ги прашал и послушал своите Твитер следбеници. Документите покажале дека продажбата на околу петтина од акциите е направена на основа на однапред договорен план за тргување поставен во септември, многу пред Маск во текот на викендот да ја објави веста, како и анкетата на социјалните мрежи за продажба на дел од неговите акции.
Маск во саботата објавил анкета на Твитер, барајќи од своите приврзаници да гласаат за тоа дали треба да продаде дел од својот удел во Тесла за да ги исполни своите даночни обврски.