Home Актуелно Машкото двогласно пеење од Полог, „гласоечко“, на ургентната листа за заштита на УНЕСКО

Машкото двогласно пеење од Полог, „гласоечко“, на ургентната листа за заштита на УНЕСКО

Машкото двогласно пеење од Долни Полог „Гласоечко“ е ставено на ургентната листата за заштита на културното нематеријално наследство на УНЕСКО.

Гласоечкото машко пеење е традиционално пеење од регионот Долни Полог. Тоа е традиционална музичка форма, карактеристична за овој регион, а со самото тоа и од огромно значење за културниот идентитет на населението. Името на овој вид пеење, наречено според локалното население како „Гласоечко“, се пренесувало усно од генерација на генерација со векови. Но, во денешно време постепено исчезнуваат луѓето што го практикуваат ова пеење, така што денес нема повеќе од две или три групи што пеат во гласоечки стил.

Двогласното пеење „Гласоечко“ е традиционално изворно пеење карактеристично за регионот на Долни Полог, се пее најчесто пропратено со гајда или кавал, спонтано изведувано на празници. Оваа практика и симболична за културниот идентитет на тие кои што ја негуваат и се пренесува со имитација. Одсуството на снимки од овa пеење поврзано со емиграцијата и незаинтересираноста за младите ја осудуваат оваа традиција на исчезнување.

Одлуката е донесена на состанокот одржан вчера во Виндхоек во Намибија од страна на Комитетот за заштита на нематеријалното наследство.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…