Машка проститутка: „Само еднаш имав секси клиентка, а често спијам и со типови“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дечко кој се занимава со проституција, на Reddit одлуи да ги открие сите тајни на својот занает.

„Јас сум машка проститутка кој спие и со жени и со мажи. Прашајте ме било што“, ја иницираше својата „тема“ на Reddit и веднаш објасни дека го возбудува спиењето со непознати луѓе.

Своите услуги ги наплаќа 100 долари од час. Вели дека најчести муштерии му се жени од 30 до 45 години, кои главно не се физички атрактивни. Тврди дека само еднаш имал ситуација со клиентка која ја сметал за атрактивна и згодна. „Во тој момент не ми е проблем да ги затворам очите и да си замислам некој кој го сметам за атрактивен, тврди дечкото.

Првите клиентки ги нашол преку оглас на веб сајт. „Прв пат објавив оглас кога стигнав во посета на градот во кој моментално живеам. Имав еден куп пари, а никој од моите пријатели не сакаше да излезе да се журкаме. Ставив оглас на Craiglist во кој пишав дали има девојка или девојки кои би сакале да ми прават друштво. Некои ми се јавија, но добив одговор и од еден дечко кој ме праша дали би се галел со него за 60 долари, без секс. Го одбив, но никогаш не го заборавив тоа. После неколку години се преселив во тој град, ја загубив работата, а немав пари. Пуштив оглас за геј мажи во кој нудев галење со нив за пари. Запали од прва, но не беше баш сигурен извор за заработка. Затоа одлучив да понудам повеќе“, објаснува типот.

Тврди дека имал девојка која немала проблем со неговата работа. Вели дека е хетеросексуалец, но дека за пари спие и со мажи, иако не ужива во тоа. Признава дека е свесен за зголемениот ризик од опасни сексуално преносливи болести.

„И да, имам сексуален живот и надвор од мојата работа. И уште уживам во него“, додава на крај.