Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лианг Жао Жанг за четири пати ја зголемил својата плата во 2015 година бидејќи работел без ниту еден слободен ден.
Калифорниски активисти откриле дека домарот, кој работи во метро, имал годишна плата од 223.000 долари.
Основната плата која Лианг Жао Жанг ја заработувал годишно изнесувала 57.945 евра и дополнителен додаток од компанијата како чистач за Bay Area Rapid Transport (BART) во Сан Франциско, пишува британски „Metro”. Но, поради неговата прекувремена работа тој годишно добивал уште 162.050 евра.
Според податоците до кои дошол Роберт Фелнер кој во име на компанијата се занимава со калкулации на исплатите, објаснил дека Лианг работел секој ден во 2015 година, и тоа претежно прекувремено, и дека помеѓу 2012 и 2015 година вкупно добил плата од 705.460 долари.
Шефот на овој вреден работник рекол дека Жанг едноставно никогаш не одбивал прекувремена работа и дека еднаш работел по 20 часа во 18 последователни денови.
„Нема многу работници кои сакаат толку да работат. Тој секогаш беспрекорно ги извршува своите работни обврски и имам целосна доверба во него, па поради тоа не ми е проблем секогаш да го платам колку што заслужува“, рекол Рој Агилера, шефот на BART.
Тој напоменал дека Жанг не е единствениот кој заработува толку и дека има уште домари кои се трудат да заработат повеќе, пишува „Mirror”.