Масакр кој ја потресе Црна Гора: 34-годишен маж си го уби семејството и уште неколку лица на улица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во престрелката што се случи денеска околу 16 часот во населбата Медовина во Цетиње, во близина на зградата на Владата, 34-годишниот Вучко Бориловиќ со ловечка пушка си го уби целото семејство и уште неколку лица, а има и потешко и полесно повредени. Меѓу убиените има и четири деца.

Од РТЦГ информираат дека шест повредени лица се итно хоспитализирани – четворица во болницата во Цетиње, а двајца се префрлени во Клиничкиот центар во Подгорица. Меѓу ранетите има и полицаец.

Делот од градот во Цетиње каде се случи масакрот е блокиран, а се собраа голем број граѓани. Полициските сили се засилени во областа. РТЦГ ги пренесува изјавите на сведоците кои велат дека напаѓачот одел низ населбата и пукал во луѓето на кои наишол.

Недолго по масакрот во Цетиње , во кој се убиени најмалку 11 лица, се огласи и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

„Се случи трагедија што Црна Гора не ја памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на главниот град Цетиње“, напиша тој на својата Телеграма.

РТЦГ неофицијално дознава дека Абазовиќ и министрите ќе ги посетат ранетите кои се хоспитализирани.

На местото на масакрот има неколку погребални возила.