Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Aргентинскиот голман Емилијано Мартинез се најде во центарот на вниманието по вчерашното финале.
Голманот на Астон Вила беше прогласен за најдобар голман на Светското првенство, а потоа имаше контроверзно славје со освоената награда.
Мартинез наградата ја заслужи затоа што беше еден од најзаслужните во походот на Аргентинците и во вчерашното финале во 123. минута имаше спектакуларна одбрана кога Коло Муани излезе „еден на еден“.
Новинарите го запрашаа Мартинез за контроверзната прослава, а тој одговори дека тоа бил одговорот за оние кои исвиркувале.
„Го направив тоа затоа што Французите ме исвиркуваа. Такво однесување кај мене не поминува“, изјави Мартинез.