Мартин Гоџо го фати светиот крст на охридското пристаниште


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Младиот Мартин Гоџо од населбата Варош во Охрид денеска го фати светиот крст кој беше положен во осветените води на Охридското Езеро.

Тој беше најсреќниот меѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на езерото, кои утрово беа осветени со богојавленска богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитиот Дебарско-кичевски, Тимотеј.

По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, годинава продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води.