Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дури и најголемите ѕвезди на Реал Мадрид не можат да бидат сигурни за своето место во тимот наредната сезона, тврдат шпанските медиуми.
Повеќе од половина тим од сегашните играчи би можеле да го напуштат клубот, Зидан ќе го намали бројот на фудбалери и има многу јасна претстава како би требало да изгледа тимот.
Според шпанските медиуми дури ни фудбалери кои важеа за омилени на Зидан како: Каземиро, Модриќ, Крос и Марсело немаат загарантирано место во тимот за следната сезона.
Иако многумина тврдеа дека враќањето на Зидан на кормилото на „кралевите“ ќе значи сигурно останување на Марсело, сепак шпанските медиуми денес објавија дека Бразилецот најверојатно ќе си замине.
Наводно претседателот Флорентино Перез веќе ја одредил цената за неговиот играч. Кој сака да го доведе искусниот играч кој наскоро ќе полни 31 година ќе мора да плати 60 милиони евра.
Марсело во Реал пристигна уште во 2007 година, па за 12 години одигра 480 натпревари и постигна 36 голови. Еден од најзаслужните играчи што „кралевите“ освоија три последователни титули во ЛШ.
Сепак, Марсело оваа сезона игра под своето реноме и Реал смета дека сега е вистински момент да заработи на неговото заминување. Најсилен интерес за неговиот потпис покажува италијанскиот шампион Јувентус, каде игра неговиот добар пријател Кристиано Роналдо.