Марсело е против воведување на ВАР


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ѕведзата на Реал Мадрид, Марсело јавно изјави дека не му се допаѓа системот за видеоповторување (ВАР) и дека е против истиот да се воведе во Примера.

„Понекогаш судиите прават грешки, а понекогаш и не. Понекогаш грешките се случуваат во ваша корист, понекогаш се случуваат во корист на противниците“, изјави бразилскиот дефанзивец.

„Ова не е толку важно: системот ВАР ќе ја одземе харизмата од фудбалот, на мене лично не ми се допаѓа овој систем“, додаде Марсело.

Марсело ова го изјави после Ел Класико во кое беше главен протагонист во две сомнителни ситуации кои го одредија текот на дербито.