Advertisements
Спорт

Марота на состанок со Икарди и Ванда!

Никако да се смират тензиите помеѓу Икарди и Интер. Состанокот помеѓу тренерот спалети и Аргентинецот заврши без успех, па денес клубот потврди дека директорот Марота ќе одржи состанок со напаѓачот и неговиот агент Ванда Нара.

Откако му се одзема капитенската лента, Мауро Икарди нема настап за „нероаѕурите“, а „Кориере дело Спорт“ тврди дека донел одлука да оди на операција, со што ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Од клубот сметаат дека е здрав и само бара изговори, меѓутоа Икарди одбива да му се приклучи на тимот, и го известил клубот дека ќе донесе документи со кои ќе докаже дека е повреден.

Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот донел одлука да го оперира коленото доколку во наредните денови не постигне договор со клупското раководство.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Икарди го условил Интер дека ќе се врати на терените само доколку му биде вратена капитенската лента или доколку клубот јавно ја соопшти одлуката зошто му била одземена истата.

Интер денес преку официјално соопштение потврди дека спортскиот директор Џузепе Марота имал состанок со Икарди и неговата сопруга и аген, Ванда Нара со обид да се реши ситуацијата.

Состанокот траел неколку часа, но се уште не е јасно каков е исходот. Во меѓувреме Икарди не е во тимот за утрешниот натпревар против Ајнтрахт во Лига Европа.

Advertisements
To Top