Home Спорт Мароко го расплака Роналдо: Се пласираше во полуфинале и испиша нова историја во африканскиот и светскиот фудбал

Мароко го расплака Роналдо: Се пласираше во полуфинале и испиша нова историја во африканскиот и светскиот фудбал

Мароко и денеска одигра одлична партија фудбал и со победа од 1:0 ја елиминираше Португалија во четвртфиналниот дуел на Светското првенство во Катар.

Португалија го имаше поседот на топка во текот на најголем дел од првото полувреме, но скоро и да не создадоа посериозна прилика за гол. Ел Несири во 42. минута го постигна победничкиот гол за Мароко кој им обезбеди полуфинале. Гонсало Рамош од една случајна акција ја погоди стативата само неколку минути по голот Ел Несири.

Камерите ја забележија реакцијата на Кристиано Роналдо кој беше на клупата кога Мароко стигна до водство.

Роналдо во игра влезе во 51. минута кога го замени Рубен Невеш, сепак и тоа не беше доволно. Роналдо не беше опасен како и останатите Португалци. Мароко во 93. минута остана и со играч помалку кога исклучување заработи Чедира, но и така обезбеди историско полуфинале.

Треба да се знае дека Мароко е првата земја од Африка која ќе игра полуфинале на еден Мундијал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…