Home Вебкафе Маркс на банкнота од нула евра – парата чини 3 евра

Маркс на банкнота од нула евра – парата чини 3 евра

Во чест на својот роден граѓанин Карл Маркс, германски Трир испечати симболична банкнота во апоени од нула евра со ликот на познатиот филозоф по повод 200-годишнината од неговото раѓањето. Банкнотата брзо стана хит меѓу туристите.

Цената на овој сувенир, за кој никој не очекуваше дека ќе биде толку популарен, изнесува 3 евра, а досега колекционерите и туристите купиле повеќе од 100.000 банкноти со ликот на Маркс.

За помалку од еден месец се продадени 5.000 банкноти, истакнуваат од локалната туристичка организација во тој град.

Германските медиуми проценуваат дека веројатно не е доведено во прашање кој апоен ќе го има банкнотата со слика од идеологот на утопиското општество во кое секој ќе добива според своите потреби.

Инаку, оваа банкнота има и воден жиг, метална лента, печатена е на посебна хартија и генерално ги има сите карактеристики на вистинска важечка банкнота.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…