Home Наука и техонологија Марковски на книжевна резиденција во Сан Себастијан, Шпанија

Марковски на книжевна резиденција во Сан Себастијан, Шпанија

Стефан Марковски е македонски претставник на годинешното издание на програмата Other words во шпанскиот град Сан Себастијан во периодот од 10 август до 1 октомври.

Во рамки на резиденцијалниот престој, Марковски ќе го претстави своето творештво пред баскиската публика и ќе создаде кратко книжевно-уметничко дело кое ќе биде преведено и објавено на неколку европски јазици.

Целите на програмата Other words се состојат во промоција на соработката помеѓу авторите и книжевностите од различни јазични средини од релативно помал и регионален карактер.

Стефан Марковски е современ наградуван македонски писател, поет, сценарист и филозоф, автор на романи, збирки раскази, поетски книги, филозофско-есеистички дела и сценарија.

Неговите дела се објавени на неколку јазици. Главен и одговорен уредник е на литературното списание „Современост” и е уредник на поетските збирки „Метрички карван”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…