Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот претседател Емануел Макрон во вторник во обраќање на универзитетот Сорбона ќе предложи план за реформи на Европската унија, соопшти синоќа Елисејската палата.
Во соопштението се посочува дека Макрон ќе предложи план од 10 точки за реформи, меѓу кои и за засилување на економската и монетарната унија, за подобрување на европската одбрана, за мигрантската политика и за усогласување на социјалните и даночните политики меѓу членките на ЕУ.
Говорот на Макрон ќе се одржи само два дена по парламентарните избори во Гермнаија, од чии резултати во голема мерка ќе зависат идните планови за засилување на европската интеграција.