Марко Пејчиновски од Охрид втор пат го преплива Охридското Езеро


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Марко Пејчиноски од Охрид, денеска по втор пат го преплива Охридското Езеро. За овој негов подвиг му беа потребни нешто повеќе од 14 часа, време за кое од Охрид исплива до Свети Наум.

Марко пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Овој пат тој пливаше во чест на православниот празник посветен на Свети Наум. Манастирот посветен на Светецот уште од синоќа го посетија голем број верници со молитви за здравје.