Маркизио преживеал хорор: Разбојници го држеле на нишан и го ограбиле неговиот дом!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бившиот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио и неговата сопруга Роберта Синополи синоќа преживеале вистински хорор.

Имено, во нивниот дом во Торино влегле четири крадци кои биле наоружани. Со закани ги натерале Маркизио и сопругата да го отворат сефот и да им ги дадат сите пари, накитот и часовнците.

Кражбата се случила во 19:30 во населбата Виново во близина на Торино.

Веднаш откако заминале разбојниците, Маркизио ја известил полицијата, па истрагата е во тек.